Мејведер сериозен во намерата да купи НБА клуб

Поранешната светска боксерска ѕвезда, 45-годишниот Флојд Мејведер, најави дека има сериозна намера во скора иднина да купи клуб кој ќе се натпреварува во најсилната кошаркарска лиг на светот американската НБА.

„Никогаш за тоа не зборував во јавноста, и тоа не некаков хир. Веќе подолго време планирам во дело да спроведам купување НБА екипа. Во последната половина година имав и некои важни преговори со клучни поединци за тоа“, рече Мејведер.

Пред само неколку дена тој беше примен во Меѓународната боксерска куќа на славните, а воедно и прифати ново учество во егзибициска ММА борба во октагон, којашто кон крајот на годинава ќе се одржи во Јапонија против тамошната ѕвезда Микура Асакура.

Во моментов во НБА лигата се натпреваруваат 30 клубови, но има најави дека е можно проширување на лигата, првото по 2004 година, и дека во идната верзија би можела да брои 32 клуба. Како градови домаќини најчесто се споменуваат Лас Вегас и Сиетл, кој во историјата имаше клуб кој во 2008 година се пресели во Оклахома Сити.

Инаку, претходно Леброн Џејмс, НБА ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, најави дека би сакал да стане сопствени на клуб од Лас Вегас, доколку тој град добие право за НБА франшиза или, пак, во тој град да се преселни некоја од веќе постојните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.