Натпреварот од Европското фудбалско првенство меѓу Данска и Финска кој се играше во Копенхаген е одложен откако фудбалерот на данската селекција 29-годишниот Кристијан Ериксен во 43 минута падна во бесознание на теренот и по повеќеминутна реанимација на самиот тревник беше пренесен во болница, соопшти УЕФА.
„Натпреварот во Копенхаген е прекинат поради итна медицинска помош“, напиша УЕФА на Twitter сметката на првенството.
Во дополнителната објава Европската фудбалска асоцијација кусо информира дека во болница состојбата на Ерикесен е стабилна.
„Играчот е пренесен во болница, и неговата состојба се стабилизира“, објави УЕФА во новиот твит, а данската фудбалска федерација потврди дека тој е свесен.
Според првичните информации, Ериксен во свесна состојба бил изнесен од теренот, а британските медиуми пренесоа дека фоторепортерот на агенцијата Reuters снимил како фудбалерот а подигнува раката во моментот кога со носилката го изнесуваа од тереното.
Натпреварот речиси сигурно нема да биде продолжен денеска. Гладачите сѐ уште не го напуштаат стадионот „Паркен“, пренесуваат телевизиите кои го прекинаа преносот.
Во 43 минута од првото полувреме Ериксен одејќи да ја прими топката по изведен аут почна да го потклекнува и се сруши на тревникот. На фудбалерот на самиот терен му беше укажувана итна медицинска помош и реанимација речиси 15 минути, а потоа беше изенсен од игралиштето на носилка, додека неговите соиграчи кои и претходно направија прстен околу него потоа со платна ги заткриваа погледите на навивачите и камерите.
На големите меѓународни фудбалски натпреварувања сличен случај се случи на Купот на конфедерациите во 2003 година во Лион кога на теренот падна камерунскиот фудбалер Мар-Вивиен Фо во текот на полуфиналето против Колумбија. Фо почина, а со обдукцијата беше утврдено дека пател од скриено срцево нарушување.
Според првичните информации, Ериксен во свесна состојба бил изнесен од теренот, а британските медиуми пренесоа дека фоторепортерот на агенцијата Reuters снимил како фудбалерот а подигнува раката во моментот кога со носилката го изнесуваа од тереното.