Мечка ‘позајми’ автомобил и направи сообраќајка

Во американскиот град Боулдер изминатиот викенд мечок „позјамил“ автомобил и успеал да направи сообраќаен инцидент, објави на својот профил на Facebook локалната полиција.

Животното влегло во автомобилот на кој му била отворена вратата, која веднаш потоа самата се затворила. Во обидот да излезе од своевидната стапица, мечокот го ставил во движење автомобилот. Возилото се движело стотина метри по ридот и притоа удрило во дрво. По сударот, мечокот успеал некако да се извлече од хаварисаниот автомобил.

Како резултат на сударот, автомобилот бил многу оштетен. Мечката „деликвент“, пак, брзо исчезнала во „непознат правец“.

Полицијата по овој случај апелира до локалното население да не го оставаат возилата отворени за да не бидат изненадени од непосакувани „крадци“, како во овој случај.