Мечок провалил во куќа и заспал на полица од плакар

60

Сопствениците на куќа во американската сојузна држава Монтана силно се изненадиле кога во петокот по враќањето дома откриле дека на полицата од плакарот во нивниот дом спие мечок.

Полицајците, кои биле повикани поради провала, низ прозорецот виделе голема црна мечка како дреме на плица од плакарот, пренесува BBC. И иако трипале по прозорското стакло за да го разбудат, мечокот само се прозевнал и продолжил да спие.

Се чини дека животното влегло во куќата низ просторијата за перење и најверојатно ја заглавило вратата. Во обидите да излезе надвор, мечокот направил вистински лом, но пота веројатно се изморил и решил да „прилегне“.

Полицајците кои влегел во куќата воопшто не го импресионирале задреманиот мечок, кого на крајот ветеринари морале да го заспијат за да го вратат во природата.

Случајот полицијата го искористи за локалното население да го повика да проверува дали ги заклучиле вратите од своите домови, бидејќи ова не е првпат мечки да влегуваат во куќи во ова подрачје на Монтана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.