Многу закони се прекршија, многу омраза се создаде и многу лаги се кажаа со бомбите на СДСМ за да дојдат со преврат на власт. За разлика од 90-тите, оваа генерација и овој народ сега не наседнаа, туку наместо да биде казнет ВМРО-ДПМНЕ, казнет е СДСМ, пишува Медиа.мк.
Заклучок е дека граѓаните очекуваат да не се фали со туѓи прислушувани разговори, туку со програма за вработување, за зачувување национални интереси и стабилна држава, како и демократски слободи… што се негови најслаби точка… А, да. Да не ја заборавиме уште послабата – тоа е постојана склоност кон корупција, пишува порталот.
„Медиа.мк“ се навраќа на резултатите од анкетата на ИРИ, и нагласува дека во анкетата на ИРИ, владејачката партија има двојно поголема доверба кај граѓаните отколку СДСМ.
Аналитичарите, пишуваат дека тоа се должи пред се на програмата што ја исполнува ВМРО-ДПМНЕ, новите идеи и проекти во интерес на граѓаните. Од друга страна, лидерот на СДСМ, кој во претходната анкета на ИРИ имаше доверба од 7%, сега има намален рејтинг од само 5%.
Двојна разлика во рејтингот во корист на ВМРО-ДПМНЕ е резултатот на деструктивните политики на СДСМ. Деструктивната политика, политичката криза и незаконски прислушуваните материјали го повлекоа Заев кон дното, сметаат експертите.
Според нив анкетата на ИРИ, во која рејтингот на Заев за помалку од 4 месеци се намалил за 30% е вистински показател за тоа дека македонскиот народ знае да разликува напорна работа од празна политика.
СДСМ има пад на рејтинзите поради црните сценарија и политиката на хаос на СДСМ. Зоран Заев бележи пад на и така нискиот личен рејтинг. Од 7 % колку што изнесуваше во јуни, сега тој се спушти на најниско ниво од 5%, наспроти стабилните 18% на премиерот Груевски, односно 35 % од граѓаните кои сметаат дека Груевски заслужува реизбор, пишува Медиа.
Експертите се согласни дека тоа е шлаканица за раководството на СДСМ, но и јасна порака што сака народот. Бомбите, масовните протести пред владата, фиктивните обвинувања за некаква неслобода, во исто време кога раководството на СДСМ ужива во луксуз, удопства и врши расипничко трошење на СДСМ му донесе дополнително слабеење на поддршката.
Целата анализа прочитајте ја на МЕДИА