Медицински сестри во Софија прогласија граѓанска непослушност

Пет медицински сестри цела ноќ останаа во зградата на Народното собрание на Бугарија откако синоќа се забарикадираа со салата каде заседава собраниската Комисија за здравство и прогласија граѓанска непослушност.

Како што јави Бгнес, во моментов тие се излезени на прозорец на зградата и одбиваат да влезат внатре затоа што им била исклучена струјата.

Бугарското Министерство за здравство соопшти дека дел од нивните барања се исполнети и засега нема да преговара со сестрите.

Бгнес потсетува дека мајки на деца со посебни потреби и медицински сестри вчера прогласија граѓанска непослушност и побараа оставка на целиот кабинет на Борисов. Тие бараат функционален здравствен систем и достоинствени услови за работа.