Медицински совет на „Ало докторе“ побарале 1.105 лица

Од 10-ти август до 16-ти август медицински совет на „Ало докторе“ побарале 1.105 лица.

Во период од речиси една година, односно од 15-ти септември минатата година кога почна да работи телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“,  до вчера медицински совет на „Ало докторе“ побарале 47.616 граѓани.

Како што соопштуваат од Здравствен дом Скопје, од 10-ти август до 16-ти август медицински совет на „Ало докторе“ побарале 1.105 лица.

Линијата е достапна 24 часа

Линијата е достапна секој ден 24 часа.
Линијата е достапна секој ден 24 часа.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

За медицински совет на „Ало докторе“ достапни се дваесет и двајца доктори, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувања со најразлична симптоматологија

Јавувањата во последната седмица се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, стомачен вирус пропратен со зголемена телесна температура и симптомна болка.

На линијата „Ало докторе“ често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата која редовно ја примаат за хроничните болести, за симптоми поврзани со крвен притисок и за совети и препораки за топлото време, соопштуваат од Здравствен дом Скопје

Инаку на сите лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.