Медицинските сестри чии договори за определно време истекоа и реакцијата на јавноста, денеска се враќаат на работа

Четириесетте медицински сестри кои беа ангажирани на определено време во Здравствен дом – Скопје, а чии договори за работа истекле на 31 октомври од денеска се враќаат на работа, најави синоќа на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

„Тие и понатаму ќе ја работат најблагородната професија – спасување на човечки животи!“, се вели во постот, во кој Филипче објаснува дека нивните договори се продолжуваат.

„Од утре, 40те медицински сестри се враќаат на работа! Договорите со кои беа ангажирани на определено време во…“

Posted by Венко Филипче on Tuesday, November 24, 2020

Се работи за медицинските сестри за кои јавноста реагираше бидејќи останаа без ангажман откако нивните договори истекле заклучно со крајот на минатиот месец, а за продолжување потребна била согласност од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

Се сликаше, ги отпушти, а денеска ги враќа на работа

Фондот вчера попладне одлучил дека ќе има буџет за оваа намена за Здравствен дом – Скопје.

Агенцијата за вработување до министерството вчера доставила информации за невработени лекари, медицински сестри и друг здравствен персонал, на кои ќе им биде понудено вработување во ковид-центрите низ државата.

Во моментов има оглас за дополнителни вработувања и на Инфективната клиника.