Медиуми: Абрамович престојувал во Киев на разговори за продолжување на мировните преговори

Рускиот претрпиемач и милијардер Роман Абрамович, престојувал во украинската престолнина Киев, во обид да се интензивираат риско-украинските мировни преговори, тврдат агенцијата Bloomberg и американскиот магазин Fortune повикувајќи се на свои информирани извори.

Амбрамович, наводно, „се сретнал со украинските преговарачи за да дискутира за начините за продолжување на преговори“, рекле неиуменуваните извори на двата медиума. Тие не прецизирале кога точно милијардерот престојувал во Киев.

Според Bloomberg, портпаролот на Абрамович изјавил дека тој „не бил во Киев“, одбивајќи повеќе да ја коментира информацијата. Украинската страна, се посочува во информацијата, исто така, одбила да коментира.

Како што потврди претходно Москва, Абрамович е ангажиран во обезбедувањето одредени контакти меѓу Русија и Украина, но не е официјален член на руската преговарачка делегација. Неговото учество во меѓусебните контакти, е одобрено од двете страни, истакна неодамна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Уште на 28-ми февруари, четири дена по почетокот на руската офанзива во Украина, израелските медиуми објавија дека на првата средба на делегациите на Русија и Украина на преговорите во Белорусија, по барање на Киев, бил вклучен и Абрамович, кога првиот контакт меѓу двете страни беше договорена со посредство на израелскиот премиер Нанфатли Бенет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.