Mедиуми: Александар Родиќ од себе прави „политичка жртва“ за да ги избегне долговите

Скопскиот дневен весник Слободен печат кој сопственикот на српски Курир, Александар Родиќ го купи во октомври минатата година отворено го поддржува Зоран Заев и СДСМ и поради тоа новоизбраниот премиер на Македонија на весникот во вторникот му даде признание за „придоненос во борбата за граѓанските права и слобода на информирање“, пишува Политика.рс.

Срдечноста со која премиерот Зав во вторникот во Скопје го дочека сопственикот на „Адрија медиа груп“ Александар Родиќ ги изнанади единествено само оние кои не ја познаваат медиумската сцена во Македонија.

 

politika-640x451

Сајтот понатаму пишува дека уште во крајот на октомври минатата година Родиќ го купил македонскиот дневен весник „Слободен печат“ кој јавно е наклонет кон опозицијата (сега власт) СДСМ и лидерот Заев.

„Адрија медиа груп“ на 26 октомври 2016 година објави дека го купила најтиражниот весник во Македонија, а со тоа и формираше компанија во истата држава „Адриа медиа балкан“. Инвестирањето во Македонија како што наведоа е донесено поради длабокото уверување во потенцијалот за развој на електронските и печатените медиуми во Македонија, како и поради напредокот на државата која го остварила по критиреиумите на Светската банка, пишува српска Политика.

Оваа вест додека помина незабележано во Србија, во Македонија детално се следеше доаѓањето на Родиќ на македонскиот пазар. За преземањето на весникот пишуваше и дневниот весник Дневник само еден ден по купувањето на Слободен печат, како што пишуваше Дневник во текстот еден од сопствениците на Слободен печат, Владимир Кошевалиски ошто ја демантираше веста дека преговарале со српската компанија, но само една седмица подоцна неговиот најтиражен весник падна во рацете на „Адриа медиа груп“. Исто така, другите медиуми во Македонија не заборавија да потсетат дека сопругата на Кошевалиски е вработена во кабинетот на Зоран Заев.

Политика.рс натаму пишува дека впечатокот на македонската јавност е дека Слободен печат е гласило на СДСМ и само се засили со доаѓањето на новиот сопственик Родиќ.

Посетата во Скопје пред неколку денови Родиќ ја искористи за да по прв пат ја посети редакцијата на Слободен печат, барем така се наведе во соопштението на „Адриа медиа груп“ во кое најголемото внимание се стави на посетата на сопственикот на Курир со македонскиот премиер кој на Родиќ му даде признание за принос во борбата за граѓанските права и слобода на информирање.

Инаку главен и одговорен уредник на Слободен печат е Бранко Героски кој во 1996 година го основаше Дневник, првиот приватен весник во Македонија кој се финансираше од донации од американската амбасада во Скопје и соросовиот фонд за отворено општество, пишува сајтот.

Тој понатаму наведува и дека Героски пред неколку денови објавил текст за сајтот XXZmagazin.com, со наслов „Мојата улога во македонското сценарио“, во кој жестоко ги критикуваше вестите на српските медиуми за ситуацијата во Македонија и неговата поддршка на Заев.

Политика.рс го завршува својот текст со тоа дека весникот Слободен печат на 15 мај излегол со насловна фотографија и текс „Кој ја плаши Македонија ќе стане „шиптарија“?- Знам те пушко кад си на Косову била!“

А во текстот тој пишува и дека српските медиуми не престануваат да ја растураат меѓуетничката состојба во Македонија.

Освен Политика, за Александар Родиќ пишува и српски Информер кој вели: дека газдата на српски Курир, медискиот мафијаш Александар Родиќ од себе прави „политичка жртва“ за да ги избегне долговите. Даночната управа дошла до сериозни докази против Родиќ и неговите соработници, пишува Информер, кој пишува дека тој во политиката влегол поради тоа што затаил данок во вредност од скоро 20 милиони евра, а Србија ја учи на чесност.

rodik-640x662

Свесен дека не може повеќе да ја избегне кривичната одговорност, Родиќ сега со приказната за влез во политиката пробува од себе да направи „жртва на државен прогон“.

Според зборовите на соговорници за Информер, тој е во толкава паника што дури и размислува да ја напушти земјата, како што дознаваат тие, на најблиските соработници им рекол дека можеби ќе си замине од Србија на некое време, затоа што му се заканува киднапирање.

„Аца е надвор од себе поради страв и паника. Буквално не знае веќе ни што зборува, ниту што прави! Прво нас ни кажа дека ќе основа партија и дека ќе се бори сѐ додека не го урне Вучиќ, а сега наеднаш говори за некакво киднапирање и најавува заминување од Србија. Мислам дека ова е само почетокот на неславниот крај на српски Курир! Ми се чини дека Родиќ дигна раце од весникот и само размислува да се спаси од затворЕ, вели еден од уредниците на Курир со кои разговарале од Информер.

Според неговите зборови газдата на срспски Курир веќе подолго време знае дека истрагата околу него се стегнува и дека полицијата наскоро ќе му чукне на врата.

„Родиќ е свесен за размерите на својот криминал. Баш тоа е причината што политички се ангажира, односно зошто од себе пробува да направи наводна жртва на политички прогон. Идејата му е се да претстави како некаква одмазда на власта“, вели тој.

По ваквите написи во српските медиуми се обрати и Героски, кој објави своја колумна насловена како: „Госпоѓо Попадиќ, во овој момент Родиќ го одржува плурализмот на печатот во Македонија!“.

geroski-640x267