Медиуми: Осомничената за нападот во Истанбул била обучувана од американски војници

Осомничената за неделниот терористички напад во турската метропола Истанбул била обучувана во разузнавачка школа на Работничката партија на Курдистан (PKK) во сирискиот град Кобане, каде што обуката ја вршеле американски офицери, пишува во вторникот Yeni Şafak.

„Албашир за време на испрашувањето призна дека имала контакти со сирискиот огранок на PKK. Терористката раскажа дека минала обука во ткн разузнавачка школа на PKK во Аин ал-Араб (пограничниот сириски град чие курдско име е Кобане), каде што обука спроведувале американските војници во Сирија, и дека била обучувана како специјален разузнавач“, се наведува во написот цитирајќи турски безбедносни извори.

Според истите извори, осомничената зборувала и со доверливо лице на водачот на организацијата PKK/YPG/SDG во Аин ал-Араб, кој ѝ давал инструкции. По тие упатства, девојката пред четири месеци илегално влегла во Турција преку преминот Африн-Адлин. Според сознанијата на полицијата, таа низ Истанбул се движела придружувана од маж, за двојката да изгледа како сопружничка двојка и да не предизвикува сомневања.

Во неделата рано попладнето на фреквентната пешачка улица Истиклал во центарот на Истанбул, при што загинаа шест лица а уште 81 беше рането. Набрзо беше уапсена осомничената Ахлам Албашир, која признала дека има врска со PKK. Според турското Министерство за внатрешни работи наредбата за изведување на нападот дошла од градот Кобане во сирискиот регион кој е под контрола на курдските сили Единици за одбрана на народот (YPG), која ја смета за сириско крило на PKK, а е вооружувана и обучувана изминатите години од САД под изговор за борба против џихадистичката Исламска држава.

При претресите кај девојката бил пронајден пасош, поголема сума пара, дигитални уреди и материјали за организирање терористички напади. Претресите биле изведени на уште 21 локација, а вкупно турските безбедносни сили привеле 50 лица.

Според истите информации, претставници на PKK, забранета како терористичка организација во Турција, ЕУ и САД, на Албашир ѝ ветиле дека ќе биде префрлена во Грција, но според информациите со кои располага турската полиција, организаторите на нападот требало да ја егзекутираат девојката веднаш во Истанбул.

Во понеделникот турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу порача дека официјална Анкара не го прифаќа сочувството изразена од Вашингтон поради експлозијата во центарот на Истанбул, истакнувајќи дека нему му е познато кој го координирал нападот и дека Турција „повеќе нема толеранција за таквите предавнички дела“, без да даде подетални информации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.