Медиуми: Се кријат стотици документи за сомнителни зделки поврзани со синот и братот на Бајден

Американското Министерство за правосудство се обидува да прикрие откривање на 400 страници со „чувствителни документи“ во рска со зделките на синот и братот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер и Џим, поврзани со зделки со Кина, Русија и Украина, ексклузивно објави во понеделникот весникот Daily Mail , повикувајќи се на застапникот на тужбата адвокатот од сојузната држава Колорадо, Кевин Еванс.

Како што се наведува во написот, Еванс поднел тужба против американското Министерство за правосудство уште во март, откако било одбиено неговото барање поднесено уште во ноември 2020 година, да му бидат доставени соодветните податоци според сојузниот закон за слобода и достапност на информациите.

Еванс, кој е експерт за законот за слободен пристап до информации побарал документи кои се однесуваат на „секој однос, комуникација, подарок(и) и/или надомест во каква и да е форма“ меѓу синот на претседателот Хантер или брат Џим од Кина, Русија или Украина.

„Владините правни застапници првично го признаа постоењето на најмалку 400 страници од ‘потенцијални релевантните’ документи, но сега се обидуваат да се извлечат од тоа велејќи дека немаат ‘ништо да потврдат или одречат“ во однос на документите во однос на барањето“, го цитира весникот адвокатот Еванс.

Во написот натаму се наведува и дека неодамна американското издание Business Insider објави информација според којашто постојат планови на Администрацијата на националните архиви и евиденција на САД (FOIA)., да ја објават внатрешната преписка во текот на претседателскиот мандат на Барак Обама, кои содржат сведоштва за врските на Хантер Бајден со украинската гасна компанија „Burisma“, чиј член на управниот одбор всушност беше, во времето кога Џо Бајден го извршуваше вториот мандат на потпретседател на САД, за што примал надомест од 83.000 долари месечно.

Според овие написи, администрацијата на актуелниот демократски претседател Џо Бајден може да стави вето на објавувањето на архивските документи до 2029 година, за што конечната одлука се очекува во февруари годинава, а што значи дека тие нема да бидат достапни во двете наредни претседателски кампањи во 2024 односно 2028 година.

Американските владини агенции имаат можност за правен преседан да дадат такви одговори под изговор да се „избегнат обелоденувања што би можеле да ѝ наштетат на националната безбедност“, се потсетува во написот.

Според американските медиуми, обвинител на Министерството за правда, Дејвид Вајс, моментално разгледува можност за покренување кривично дело против Хантер со потенцијални наводи за перење пари, нелегално странско лобирање и даночни злосторства во врска со деловните зделки во странство.

Записите датираат од 2014 година, односно во периодот на превратот во Киев поддржан од САД, во кој клучна улога за соборување на украинската влада која имаше тесни врски со Москва имаше актуелната потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд, вклучуваат 69 слики и 260 е-пораки во кои се споменува „Bursima“.

Електронската пошта од оставениот лаптоп на Хантер Бајден, до која пристап имали и DailyMail.com, и сведочењето на „свиркачите“, покажуваат дека тој бил вклучен во повеќемилионски договор со кинески нафтен гигант тесно поврзан со кинеската влада, се истакнува во написот. Банкарските записи покажуваат дека кинеските деловни партнери на Хантер префрлиле 10 милиони долари на конотото на нивното заедничко вложување.

И мејловите, текстовите и сметките од свиркачите сугерираат дека Џо Бајден бил свесен за договорот, па дури и можеби бил вклучен. Најозлогласениот пример е електронската порака од 2017 година од еден од деловните партнери на Хантер, Џејмс Гилијар, кој сугерира дека Хантер би имал 10 отсто од капиталот во договорот во име на „Големиот човек“, што според весникот е сугерирање на неговиот татко.