Медиуми: Шефицата на ЕК ќе мора да ѝ ја каже на Европа страшната вистина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, мора „отворено и јасно“ да им каже на граѓаните во Европската унија дека им претстои тешка зима, што ќе бара од нива да се жртвуваат при каков и да е развој на ситуацијата со енергетската криза, оценува колумнистот на деловната новинска агенција Bloomberg, Лајонел Лорен.

Авторот вели дека фон дер Лајен се соочуваа со проверка на нејзините лидерски способности, бидејќи ќе треба да ја поврати довербата на Европејците во нивните власти, но истовремено да остане искрена кон граѓаните и да каже дека е очигледно оти ќе биде тешко да се преживее зимата без рускиот гас.

„Фон дер Лајен мора јасно да им каже на граѓаните дека зимата ќе бара жртвување и оти потрошувачката на енергијата ќе треба да се намали за 10 до 15 отсто. Исто така, таа мора да им каже дека земјите-членки на ЕУ ќе сторат сѐ што е можно за да ги споделат трошоците и да ги максимизираат набавките (на енергенси) од неруски извори“, смета Лорен.

Авторот, исто така, додава дека оваа поделба на трошоците ќе доведе до откажување на некои претходно донесени одлуки. На пример, Германија ќе мора да ја продолжи работата на нуклеарните централи, бидејќи на ЕУ ѝ е потребен „до последниот“ извор на енергија, за да не ги остави фабриките и домаќинствата сосема без затоплување.

„За да се донесат вакви одлуки, потребно е силно политичко лидерство, што го мена, бидејќи гласовите на ‘тешкашите’, како (поранешната германска канцеларка) Ангела Меркел и (поранешниот италијански премиер и челник на Европската централна банка) Марио Драги веќе не може да се слушнат, а (сегашниот германски канцелар) Олаф Шолц и (францускиот претседател) Емануел Макрон се ослушнуваат без внимание. Фон дер Лајен има шанса да ја пополни таа празнина, но таа не треба да се двоуми да прогласи ‘вонредна состојба’ низ целата ЕУ“, убеден е авторот.

Сепак, главниот проблем на Европа којашто страда од кризата, според Лоран, и натаму е недовербата на граѓаните кон политичките лидери. Суштината на решението е дали Европејците ќе ги следат своите челници или ќе ги исчистат, заклучува авторот.