Медиуми тврдат дека власта го подготвува Младен Чадиковски за претседател на ЗНМ

Главниот и одговорн уредник на провладината телевизија 24,Вести, пишува порталот  Младен Чадиковски ќе биде идниот претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Економски Лидер

Според информации на порталот, Чадиковски на оваа функција доаѓа на предлог на власта, но официјално ќе биде предложен од сегашниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани.

Претседателот на ЗНМ се бира на Изборното собрание, а според нашите информации Чадиковски е единствен кадидат засега. Рокот за поднесување на кандидатура за претседател е до 12 декември. Неофицијално, Чадиковски, кој беше дел од медиумската империја на Велија Рамковски, има поддршка од власта, со цел да ги протне политиките на премиерот Зоран Заев и на СДСМ, за да може да се воспостави контрола врз целиот медиумски сектор. Според нашите информации од ЗНМ, повеќето членови не сакаат Чадиковски да биде претседател и на ова Изборно собрание, како и претходните, се очекува да има турбуленции, пишува порталот.

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНМ постојано, жестоко реагираше на притисокот на власта врз медиумите. Во изминатите година и пол, додека СДСМ е на власт, ЗНМ како да е во коалиција со нив и воопшто не реагира ниту на притисоците, ниту на пресметката на власта со критички настроените новинари и медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.