Медиуми: УЧК бара да се ослободат обвинетите од Куманово, во спротивно најавуваат немири

Бившите членови на УЧК преку соопштение за медиуми ги повикува македонските власти за членовите на Кумановската Група во понеделник да има правилно судење, со што се подразбира нивно ослободување од, како што велат, еден политички монтиран процес, во спротивно- најавуваат немири во Македонија, информира ИнфоПресс.

Бившите членови на УЧК преку соопштение за медиуми ги повикува македонските власти за членовите на Кумановската Група во понеделник да има правилно судење, со што се подразбира нивно ослободување од, како што велат, еден политички монтиран процес, во спротивно- најавуваат немири во Македонија, информира ИнфоПресс.
Соопштение на УЧК:

Ги повикуваме Претседателот Иванов, Премиерот Заев, Претседателот на Собранието Џафери, сите албански политичари, а посебно Обвинителот од случајот Куманово.

Отворете ги очите и размислувајте паметно во понеделник на 10.07.2017.

Да бидете претпазливи со нашите луѓе. Ослободете ги од монтираниот случај Куманово 2015.

Да одлучите правилно за нивната невиност и обвинувањата за тероризам да бидат отстранети, и да ги ослободите што порано и на нивно место да ги ставите вистинските терористи кои го монтираа овој и многу други случаеви; Груевски, Јанкуловска, Мијалков и другите.

Дојден е крајот на монтираните процеси кон борците за слобода, убиствата и апсењата после Ослободителната војна на УЧК.

Овие луѓе не се први, но се колнеме дека ќе бидат последни.

Ако се осудат овие луѓе мислам дека веќе знаете што ќе се случи со Македонија, и вие барате војна, војна и ќе имате, но овој пат ќе имаме една воена Национална сила мобилизирана од пред две години и професионална воена стратегија, и полна со омраза до грло, и заколнети пред Националното Знаме дека ќе се бориме до последниот здив за нашите луѓе од случајот Куманово и за сите други кои ги апсевте и убивавте после 2001, и сѐ до прогласување на Република Илирида и соединување на албанските територии.

Да знаете дека војната сѐ уште не е завршена и да знаете дека Албанецот има верба и аманетот треба да дојде на свое место.

Ова ќе биде последно предупредување за вас!

Војната тропа на вашата врата Обвинителе, Груевски, Јанкуловска и Мијалков и ќе се обесат на плоштадот во Скопје сите национални предавници кои ги има многу во Македонија.

Војната не прашува за возраст, пол, затоа што и нашите борци ги оставија родителите, жените, децата.

Истовремено ве потсетуваме со заклетвата.

“Јас, војник на УЧК се колнам дека ќе се борам за ослободување на албанските територии и нивно соединување. Секогаш ќе бидам верен војник, достоен борец за слобода, претпазлив, храбар и дисциплиниран, подготвен во секое време нештедејки го ниту мојот зивот да војувам за да ги одбранам светите интереси на татковината. Доколку ја погазам оваа заклетва, нека бидам казнет со најстрогите закони на војната и доколку изневерам, нека биде изгубена мојата крв. Се колнам, се колнам, се колнам.

Ослободителна Војска
08.07.2017
Косово Албанија Илирида

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.