Медиуми: Во акцијата на МВР уапсени околу 20 терористи

Полицијата уапсила околу дваесет припадници на радикалната џихадистичка организација Исламска држава, на кои им е определен притвор, јавува во петокот вечерта порталот 24 Инфо.

Според неофицијални информации, порталот објави дека полициската акција била изведена утрово околу 5 часот во повеќе градови во земјава, а запленето е големо количество на пешадиско оружје.

Министерството за внатрешни работи вечрва излезе со соопштение дека бил спречен терористички напад од припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, а по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја.

По МВР се огласи и амбасадата на САД, од каде преку соопшение ги предупредија своите граѓани да бидат внимателни поради можен терористички напад во Македонија.

Според непотврдени информации кои доаѓаат од граѓани, во центарот на Скопје  полицијата на повеќе локации вечерва спровела наводно акции за спречување на можен терористички напад.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.