Медиуми: Во Полска се подготвуваат милитанти за изведување преврат во Белорусија

Припадници на организација BYPOL, која Минск ја прогласи за терористичка, а блиска до белоруската опозиција, тренираат на полигони во Полска со цел да извршат воен удар во Белорусија, пренесува белгискиот телевизиски канал VRT, повикувајќи се на лидерот на организацијата Александр Азаров.

„Група поранешна белоруски полицајци и војници велат дека имаат план да го соборат белорускиот претседател (Александр) Лукашенко“, објави VRT во средата.

Ова произлегува од интервјуто водено со Александр Азаров, кој ја предводи  BYPOL, создадена од поранешни припадници на белоруските безбедносни служби со цел да им се спротивстави на белоруските власти. Организацијата ја поддржува опозиционерката Светлана Тихановска која по загубените избори побегна од Белорусија и покрај тоа што и покрај масовните протести на опизицијата поддржани од Западот по неа не се трагаше.

Азаров, кој претходно во февраури беше осуден во отсуство на 25 години затвор од белорускиот суд, претходно пребегал во Украина а потоа во Полска, вели дека се откажал од службата зашто бил сведок на наводната изборна измама во 2020 година и на задушувањето на протестите, а побегнал откако дознал дека по него е распишана потерница.

Тој за белгиската телевизија вели дека членови на организацијата од Полска подготвуваат државен удар во Белорусија и се обидуваат да организираат саботажи во земјата. Така, членовите на BYPOL поминуваат обука на воени полигони за обука во Полска, каде што ги обучуваат од поранешни полски воени специјалци.

Организацијата обучувала и членови на полкот Калиновски, кој се состои од белоруски дисиденти кои се борат на украинскиот фронт на страната на Украинците.

„Овде веќе се обучени стотици луѓе“, рече Азаров. Според него, членовите на групата наводно организирале и саботажи на белоруските железници во првите седмици од руската инвазија во Украина. За нив, инаку досега не беше известено ниту во западните, ниту во белоруските или украинските медиуми.

!Белорусите можат да се регистрираат онлајн за да придонесат во отпорот против Лукашенко на различни начини. На пример, тие можат да помогнат да се создадат барикади, сообраќаен метеж и голема гужва на стратешки локации“, вели Азаров.

Според Азарав, наводно околу 200.000 луѓе веќе се регистрирани да учествуваат во вакви акции доколку се случи државен удар. Околу 5.000 од нив рекле дека се подготвени да спроведат „специјални операции“, како што се саботажи.

Во август 2022 година, Врховниот суд на Белорусија ја прогласи BYPOL за терористичка организација. Канцеларијата на јавниот обвинител на Белорусија претходно објасни дека организацијата е создадена во октомври 2020 година во Полска на иницијатива на поранешни службеници за спроведување на законот во Белорусија, но од мај 2021 година, BYPOL се користи за обединување на поддржувачите без да се земе предвид нивната поврзаност со безбедносните служби.

Пред две седмици белорускиот претседател Александр Лукашенко соопшти дека безбедносните служби на земјата која е во унија со Русија упсиле диверзантска група на границата меѓу Белорусија и Украина која префрлувала експлозиви кои требало да бидат искористени за изведување саботажи и терористички акции на руска територија.

Белорусија во октомври 2022 година ја подигна борбената готовност на своите вооружени сили по разузнавачктие информации дека во соседните Украина, Полска и Литванија се подготвуваат групи од белоруски дисиденти и радикали воено да заземат регионален центар на белоруска територија и да испровоцираат бунт, поради што белоруските единици заедно со руските беа распоредени близу јужната граница меѓу Белорусија и Украина.