Медиуми, започна испораката на вакцината на „Pfizer“ за САД и Европа

Американската Воздухопловната компанија „United Airlines“ вчера започна да доставува вакцина против коронавирус произведена од фармацевтската компанија „Pfizer“ во магацините во САД и Европа, објави весникот The Wall Street Journal.

Според весникот, двете компании  започнале испораки на вакцината со карго чартер летови. Во моментов вакцините се носат во магацините во американската држава Мичиген и во Белгија. Подоцна испораките се планираат во Висконсин и Германија.

За да ги изврши испораките, авиокомпанијата побара од Сојузната управа за воздухопловство на САД (FAA) дозвола за транспорт на 6,8 тони сув мраз, што е пет пати повеќе од дозволеното со закон. Мразот е потребен за да се одржи температурата многу ниска, така што вакцината може да се чува безбедно.

Минатата недела германската фармацевтска компанија „BioNTech” и нејзиниот американски партнер „Pfiezer“ испратија барање до Управата за храна и лекови на (FDA) за регистрација на вакцината за коронавирус.

Специјалисти од надзорното тело ќе го проучат барањето, а потоа ќе биде разгледано од независни експерти, што треба да се состане на 10-ти декември. Така, употребата на вакцината во итни случаи може да се одобри околу средината на декември.

Претходно, „BioNTech“ и „Pfizer“ соопштија дека се подготвени да започнат со дистрибуција на вакцината неколку часа по нејзиното одобрување и дека е таа ефикасна 95 проценти.