Медиумите го дознаа идентитетот на „Русинката“ од австрискиот скандал „Ибица“

Улогата на наводната внука на руски олигарх на состанокот на сега веќе поранешниот австриски канцелар од крајната десница Ханјц-Кристијан Штрахе ја толкувала босанска студентка, пишува австрискиот весник Kronen Zeitung, повикувајќи се на сопствени извори.

Во прилогот се истакнува дека Босанката добро го владеела рускиот јазик. За да биде избрана за улогата на наводна внука на руски олигарх, таа морала да го мине кастингот, на кој девојките биле избирани според сознанијата за вкусот на Штрахе. За „настапот“ во еден ден, студнетката добила 7.000 евра.

Според Kronen Zeitung, средбата со Штрахе се одржала во вила на Ибица која однапред била опремена со уреди за тајно снимање.

Се проценува дека организаторите на оваа операција вкупно ги чинело 400.000 евра. Истовремено тие понудиле купување на видеоаписот од средбата на австрискиот политичар и бизнисменот, но тоа било одбиено. Потоа снимката за 600.000 евра ја купила, исто така, неименувана германска фирма, која потоа ги предала за објавување во германските медиуми кои координирано ја објавија. Според виенскиот дневен весник, австриските разузнавачки служби знаеле за скандалозната снимка, но не можеле да дојдат до неа пред објавувањето.

Се истакнува дека сега организаторите на провокацијата сакаат да се отарасат од целосната верзија на видеото, поради стравување за своиет животи.

Една седмица пред изборите за Европскиот парламент на кои се стравуваше од успех на десните евроскептични суверенистички партии меѓу кои австриската крајна десна Слободарска партија (FPÖе) чиј лидер беше Штрахе, најголемите германски медиуми координирано објавија материјали во кои се тврди дека вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе разговарал наводно за купување удели во медиуми за влијание на изборите со некоја „Русинка“, којашто според Штрахе е латвиски државјанин. Неговиот сопартиец Јоханес Гуденус, за чиишто семејно ловиште наводно биле заинтересирани купувачи и преку кого дошле во контакт со Штрахе, поретходно изјави дека му бил покажан европски пасош на Латвијка, која се претставила како вника на олигарх.

Истовремено, германските медиуми кои го објавија скандалозниот материјал, посочуваат дека снимената средба претставувала „стапица“ за политичарот, како и за неговата партија која беше до минатата седмица дел од владата на канцеларот Себастијан Курц, и која заедно со владата во Виена се залага за укунување на санкциите на ЕУ против Русија и нормализирање на односите со Москва.

Штрахе, кој ја опишува оваа ситуација како „политички атентат“, беше принуден да поднесе оставка. Следните денови од австриската влада истапија и сите министри од редовите на Слободарскате партија (FPÖе), откако канцеларот Себастијан Курц одби да ја продолжи владината коалиција и најави предвремени парламентарни избори, најверијатно есенва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.