Американскиот технолошки гигант „Apple“ се откажа од развојот на производството на електрични автомобили, објавија американските медиуми.
„Apple“ вработи 2.000 луѓе во својата тајна програма за развој на автомобили, објави делоната новинска агенција Bloomberg News, но се соочува со се посилна конкуренција од производителите на електрични возила.
Целта на „Проектот Титан“, кој започнал околу 2014 година, беше развивање автономен автомобил, пишуваат медиумите.
Одлуката за затворање на проектот била интерно објавена во вторникот, објавија Bloomberg и The New York Times, повикувајќи се на неименувани извори. „Apple“ наводно инвестирал милијарди долари во проектот.
Технолошкиот гигант не одговорил на барањата на агенцијата АFP за коментар. Од „Apple“ никогаш јавно не ги објавија своите планови за електрични возила, и покрај постојаното протекување во медиумите изминатите години.
Во 2022 година, специјализираната интернет страница The Information објави извештај во кој детално се опишани проблемите со кои се соочува проектот, вклучувајќи го и заминувањето на повеќе извршни директори поради недостиг од поддршка од раководството.
Продажбата на неколку американски производители на електрични автомобили трпи последниве месеци, бидејќи побарувачката ослабе.
Автономните производители на автомобили „Cruise“ и „Waymo“, кои се во сопственост на матичната компанија на Google „Alphabet“, исто така, се борат да ги прошират своите производи надвор од Сан Франциско. „Tesla“ на Илон Маск, еден од лидерите во индустријата за електрични возила, исто така, предупреди на побавен раст во 2024 година.
Во објава на X, Маск одговори на веста дека „Apple“ го затвора својот проект за електричен автомобил со емоџи за поздравување и цигара.
„Apple“ ќе префрли многу вработени од својот оддел за електрични автомобили на проекти за генеративна вештачка интелигенција (AI), објави Bloomberg.