Медиумите јавуваат дека расте бројот на жртвите во синагогата во САД

Бројот на загинатите во нападот врз синагогата во Питсбург, во американската сојузна држава Пенсилванија, најверојатно изнесува 11, пренесува локалната телвизиска станица KDKA повикувајќи се на свои извори од теренот, додека официјалната бројка смртно настрадани којашто ја потврдиле полцииски извори е осум со дванаесет повредени.

Нападот бил изведен во текот на еврејскиот празник шабат, а напашачот е уапсен по извесно време. Телевизијата KDKA пренесува дека е уапсен „брадест маж со покрупна телесна градба“, повикувајќи се на извори во полицијата кои рекле дека при влегувањето во храмот извикувал „сите Евреи мора да умрат“.

Осомничениот по преговорите се предал на припаднциите на специјалната единица, и тој бил ранет, откако претходно ранил тројца полицајци. Не е познат степенот на неговите повреди. Телевизијата го идентификувача осомничениот како 48-годишниот Роберт Бауерс, и се верува дека дејствувал сам.

Полицијата по дојавата за пукањето ја опколила синагогата „Дрвото на животот“ во квартот Сквирел. Во престрелката со напаѓачот ранети се тројца полицијаци, но не се знае дали тие се вброени во вкупната бројка од дванаесет повредени.

Синагогата го одбележувала шабат од 9,45 часто по локално време. Поранешниот претседател на заеднциата, Мајкл Ејсенберг изјавил дека полицјата е присутна во овој храм само во текот на поголемите празници. „Во деновите како што се овие, вратите се отворени, тоа е верска церемонија и може да се влегува и излегува“. Повеќето посетители главно биле повозрасни лица, и според поранешниот рабин имало околу 40 верници.