Медиумите откриваат зошто нема обвинение за Асанж за истекувањето податоци од CIA

Американското министерство за правда одлучило да не го обвини основачот на разобличувачкиот ресурс WikiLeaks, австралискиот новинар Џулијан Асанж, за неговата улога во објавувањето на некои од врвните доверливи материјали на Централната разузнавачка агенција (CIA), пишува американски Politico, повикувајќи се на американски функционер и информирани извори.

Според весникот, обвинителите нема да можат да поднесат нови обвиненија против Асанж поради неколку причини, вклучително и недостигот од време за американската влада да ги подигне. Имено, според законот за екстрадиција, обвиненијата мора да бидат поднесени во рок од 60 дена од моментот на првата тужба.

Втората причина е високата доверливост на објавените материјали на CIA. Во извештајот се наведува дека разгледувањето на ваквите случаи пред судовите може да доведе и до распростравување на уште повеќе класифицирани досиеја на CIA. Покрај тоа, самата американска агенција никогаш официјално не ја потврди автентичноста на објавените документи.

„Нема сомневање дека има случаи на истекување врз основа на кои информаторот не може да биде обвинет, бидејќи информациите се толку доверливи што за докажување на судот ќе мора да биде признаена нивната автентичност“, изјавил за весникот поранешната помошничка државен обвините за национална безбедност, Мери Меккорд.

Американските власти кон крајот на мај соопштија дека поднеле нови обвиненија по 17 точки за кршење на законот за шпионажа и откривање тајни информации. Претходно Австралиецот беше обвинет само по етна точка: за заговор во компјутерски упад. Доколку Асанж им биде екстрадиран на САД, се соочува со долготрајна затворска казна.

Асанж е обвинет во Шведска во 2010 година за сексуално вознемирување и силување, а од јуни 2012 година се засолни во амбасадата на Еквадор во Лондон, стравјувајќи од екстрадиција. На 11-ти април годинава тој беше уапсен по наредба на судовите од Шведска и САД, откако Еквадор му го укина азилот.

Судот во Лондон го прогласи Асанж виновен за кршење на условите за ослободување од притвор со кауција и го осуди на 11 месеци затвор. Судската постапка за негова екстрадиција започна на 2-ри мај. Сега судот го очекува од САД целосниот пакет документација кои би му овозможиле да ја донесе одлуката дали ќе одобри предавање на обвинетиот Австралиец во Соединетите држави.