Медиумите шпекулираат за местото на кое ќе се сретнат Бајден и Путин

Поранешни американски функционери не исклучуваат дека средбата меѓу челниците на САД и на Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, може да се случи во Прага која во моментов е во тешка дипломатска војна со Москва поради наводна руска диверзија од 2014 година, а исто така сметаат дека како места за одржување на самитот меѓу двете суперсили фигурираат и Исланд, Словенија или Азербејџан, пишува весникот Politico.

Во април првиот вицепремиер на Чешката Република, Јан Хамачек, кој истовремено е и министер за надворешни работи, потврди дека на амбасадорите во Вашингтон и Москва им дал упатства да понудат американско-рускиот самите да се одржи во Прага.

Но таа изјава беше дадена неколку дена пред избувнувањето со скандалот за експлозиите од 2014-та во магацини за муниција во селото Врбетице, за што Прага ги обвини припадниците на руското воено разузнавање ГРУ. Москва ги отфрли обвинувањата а потоа следеше протерување на десетиците дипломати од двете земји. Поради тоа, се чини дека чешката престолнина отпаѓа како место на многу очекуваната средба меѓу Бајден и Путин.

Во 1986 година, во Рејкјавик се одржа средбата меѓу американскиот претседател Роналд Реган и генералниот секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот сојуз, Михаил Горбачев. Претходно седмицaва исландското минитерство за надворешни работи изјави дека Исланд не добил никакво предлог за организирање на средбата на Бајден и Путин, но истакан дека ја поддржува иницијативите за намалување на тензиите.

Во 2001 година Словенија беше местот на коешто актуелниот руски претседател Владимир Путин се сретна и разговараше со американски колега, тогашниот претседател на САД, Џорџ Буш. Резиденцијалниот објект Брдо крај Крањ се споменуваше претходно седмицава, како една од можните локации за руско-американската средба на врвот, а се слушнаа и предлози за српската престолнина Белград.

Белата куќа неодамна соопшти дека Бајден му понудил на рускиот претседател средба на врвот летово во некоја европска земја, на која ќе се дискутира за натрупаните тензични прашања меѓу двете земји. Во вторникот Бајден изјави дека очекува дека ќе се сретне со Путин веќе во јуни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.