Медиумите тврдат дека Модриќ бара да си замине од Реал

Капитент  на хрватската фудбалска репрезентација, 32-годишниот Лука Модриќ,  побарал во петокот од Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид да му дозволи да си замине од клубот пред истекот на договорот, за да може да прејде во милански Интер, објави во петокот италијански Calciomercato, откако доцна ноќта такова расплет најави шпанското радио Onda Cero.

Стручњакот за трансфери на на италијанскот медиум, Фабрицио Романо, во петокот рече дека Модриќ побарал заминување од Реал и јасно порачал дека сака уште летово да му се приклучи на Интер.

Во текст натаму се наведува дека Перез и натаму е уверен дека ќе може да го задржи Модриќ со нудење нов и подобар договор, но оти фудбалерот ќе се повикува на усниот договор наводно склучен пред неколку месеци за тоа дека ќе му биде дозволено да го напушти Реал кога ќе донесе одлука за тоа. Според Calciomercato, Перез и Реал ќе побараат време за носење одлука. Наводно се посакува негово останување, но и се размислува за можна замена за најдобриот играч на последното Светско првенство во Русија.

Портпаролот на актуелниот европски шампион Реал Мадрид во четвртокот ноќта не бил достапен за коментар, а претходно во текот на денот изјавил дека не знаел дали во петок ќе се одржи средба меѓу Перез и Модриќ. Претставник на Интер, пак, во четвртокот рече дека клубот се’ уште не испратил понуда до Реал, бидејќи чекаат да се одржи состанокот меѓу фудбалерот и челникот на „Кралскиот клуб“.

Флорентино Перез минатата седмица изјави дека Модриќ може да го напушти клубот единствено ако некој плати 750 милиони евра, колку што изнесува отштетата доколку играчот пред истекот на договорот го напушти клубот. Лука Модриќ во 2012 година од Тотенхем мина во Реал, а последниот договор го потпиша во 2016 година и тој истекува во летото 2020 година.

Интер на Хрватот му нуди договор на четири години, со плата од 10 милиони евра по сезона, што е за речиси 3 милиона евра повеќе од неговите примања во Реал. Покрај тоа, откако ќе му истече договорот, миланскиот клуб му нуди заминување во кинески клуб чиишто сопственици поседуваат 70 отсто од Интер.

Модриќ во четвртокот нормално тренирал со соиграчите во северното предградие на Мадрид, откако во средата се приклучи на тренинзите по годишниот одмор. Радиото Onda Cero тврди дека нема да ги бојкотира тренинзите доколку Перес не му го дозволи заминувањето.