Медиумот во кој пишува колумнистот антисемитист добил 238.000 евра од Владата

Весникот „Слободен печат“ каде колумнист е Бранко Тричковски кој зборува за правење хумус од Евреи, споменувајќи ја министерката Рашела Мизрахи која е Еврејка од Владата добива милиони денари субвенции.

Ова го открива портпаролот на опозицијата Наум Стоилковски на Фејсбук и притоа повикува на реакција на новинарските организации и институциите.

„Повикав на институционално делување за спречување и казнување на Бранко Тричковски заради непрестано и институционално непречено ширење на говор на омраза, антисемитизам и поттикнување на насилство поттикнато од верска, национална и друга основа“, вели Стоилковски.
Тој нагласува дека Тричковски е поранешен уредник, новинар кој што сега е коментатор и колумнист кој што редовно пишува во дневен весник, а се пренесува и на социјалните медиуми и портали.
„Тричковски е познат како миленик на власта, но тоа не треба да биде олеснителна, напротив отежнувачка околност во моментов. Тричковски убеден во заштитата, дополнително провоцира сограѓани, па оттука како граѓанин на Македонија кој што е редовен даночен обврзник предлагам и инсистирам:
1) Остра реакција од соодветните медиумски здруженија против говорот на омраза за Тричковски со тоа што ќе биде исклучен од истите;
2) Отстранување од страниците на медиумот Слободен печат каде што во нивното печатено и онлајн изданија се објавени неговите колумни.
3) Остра институционална реакција од соодветна државна институција против ширење омраза и расна и верска нетрпеливост“.
Доколку медиумот Слободен печат не постапи соодветно и не се огради и ја прекине соработката со Бранко Тричковски, вели Стоилковски, јас како даночен обврзник ОСТРО ПРОТЕСТИРАМ весникот и годинава да биде субвенциониран со државни пари од буџетот во кој што придонесуваме и јас и Рашела Мизрахи.

„Владата да побара од Слободен печат оградување и прекин на соработката со Бранко Тричковски, доколку медиумот мисли да добие субвенции годинава.
За пример, лани од субвенциите најмногу доби Слободен печат, во износ 14,3 милиони денари или околу 238 илјади евра државна субвенција.
Во обратен случај, владата субвенционира за ширење на идеите на антисемитист како Бранко Тричковски и поинаку не може да биде разбрано“, порача Стоилковски во неговата реакција.

Еден од главните поддржувачи на Зоран Заев и СДСМ, колумнист во “Слободен печат“ Бранко Тричковски со нов говор на омраза насочен против еврејското потекло на министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи

Во новиот антисемитски напад Тричковски зборува за правење хумус од Евреи.

“Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи”, пишува Тричковски.

Хумус е еден вид на јадење кое е популарно на Блискиот исток, а кое се прави со наут и таан.