Медиумските шарлатани и Ана Петрушева

Оваа колумна е со почеток ама без крај, но со многу поенти.

Збогум другариште мое Предраг Димитровски – Пепи, ти навистина беше доајен на новинарството во Македонија. Посветен до крај. Никогаш нема да ги заборавам твоите совети и следниве зборови (твоите деца мора да знаат): „Чичо никогаш не смееш да го објавиш досието на оној кој што го кодошел уште од 1969 година Драган Богдановски и не заборавај дека неговото дете се меша во политиката, не по сопствена иницијатива, туку по фамилијарна кодошка линија“.

Да Ви соопштам јас (во чест на ПЕПИ) Виктор Грозданов им го соопштив името и презимето на КОДОШОТ од предлог обвинението за измислениот случај „ПРОПАГАНДА“ на следниве личности дека ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребил јавните добра со цел да влијаат на јавноста. Ова се само почетоците:

1.     Проф. Др. Иван Мицковски, татко на Христијан лидер на ВМРО-ДПМНЕ;

2.     Ацo Мисајлоски Кендо, брат на Владо Мисајлоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ;

3.     Драган Митковски – познат како Драги Книга, ревизор и сметководител;

4.     Дејан Николовски – главен и одговорен уредник на НетПрес;

5.     Иван Мирчевски – генерален директор на ТВ Канал 5;

6.     Александар Манда Маниќ – угостител и спортски работник (пливање);

За жал Пепи не ги објави кодошите во новинарството. Еден убав ден некој од нас и знаеме кои се, мора да ги објавиме сите.

Впрочем, зошто имаме „МЕДИУМСКИ ШАРЛАТАНИ“? Одговорот е едноставен. Затоа што се „Медиумски Шарлатани“.

Како може ниту еден аналитичар платен од државата кој се занимавал со медиумска регулатива да не излезе и да ги каже следниве работи со сериозна загриженост. Затоа морам јас драги мои да Ви ја соопштам болната вистина.

Искрено им се извинувам на семејствата на настраданите, пред се на мајката и сестрата на преубавата (ем лична, ем била многу човечна) Вања и на сите нејзини блиски. Искажувам лична поддршка на директорката на ОУ „Песталоци“ во забраната, да нема присуство на новинари и останати говеда.

Во вакви ситуации се прогласува веднаш ситуација на ТРАОР од ВТОР степен потпишан од Агенција за Медиуми и тоа први, Претседател на Македонија, Претседател на Влада на Македонија и последен најважниот по одлука на народните избраници и тоа сите, Претседателот на Собранието на Македонија. Одлука нема и за мене сите овие се… со забелешка: Господ е голем. Од едноставна причина. За мајката да си го исплаче детето.

Првенствено се замолува Фросина Ременска која има сопруг Јовче и кој бил началник во АНБ сегашна или ДБК поранешна и кој се занимавал со тероризам и ултра десни националистички фракции партии, да престане веднаш најладнокрво да излегува во јавноста и да ни раскажува како институциите не биле способни и заради тоа се случило убиството организирано од ПАЛЧО. Па, за ова се реагира на таков начин со кој соодветнава госпожа се приведува и се врши разговор со јасно искажан сомнеж од страна на инспекторите дека има информации дека токму нејзиниот сопруг е клучниот неработник во АНБ и дека прогледал низ прсти на човек за кого има шпекулативни информации дека учествувал во повеќе убиства. И секој нормален аналитичар би се запрашал следново, Ај што има информации дека наводно била во кримоногени комбинации со Боки 13, па мора ли оваа личност да не’ вознемирува нас како граѓани и семејствата на убиените со комбинаторики кои не се докажани? За жал нема и затоа се „МЕДИУМСКИ ШАРЛАТАНИ“.

Како второ со прогласената ситуација на Траор од Втор степен досега ќе беа затворени, се извинувам, повеќе новинари и политичари (власт и опозиција) од еденоставна причина. Сакате да заработите на грбот на покојните. Впрочем да овие луѓе разбираа медиуми во нивната суштина и медиумска регулатива, немаше да бидат споменувани од токму Ана Петрушева.

Знаете што е Ана Петрушева во медиумската регулатива. Одличен новинар, и како човек е супер, ама за медиумска регулатива е класичен дилетант. Појма нема. Амааа јас и честитам. Додека оние големине амбасадори ни ги обвинуваат нашите богаташи (Анѓушев, Камчев итн) кои вработуваат по илјадници луѓе дека се криминалци, во исто време истите тие амбасадори им праат комбинации за пропаднати проекти, како овој на Ана Петрушева. Впрочем што напраила другаркава која известува на српски јазик од типот „Испред Собрања“, а се грижи за нас Македонците. Им сварила чорба на донаториве (нека ме споменуваат само за неарно амбасодорите на САД, ЕУ и Холандија, како Виктор дозна дека Ана ни го зачука) и тоа само со вода и црвен пипер.

Ана Петрушева не е крива што не разбира каков проект земала. Прво дели медиуми на ВМРО и демек независни. Па, нели ти е срам и арам на годините поминати во новинарството.

Се знае. Прва интернет агенција е НЕТПРЕС. Заедно со нивното раководство имаме донeсено два заклучока поврзани еден со друг:

ПРВО

Новинска агенција или дневен информативен медиум, кој своите содржини (во вид на текст, аудио или аудио-визуелен формат) ги дистрибуираат до краен корисник преку интернет;

ВТОРО

Од државната МИА секој медиум има право да користи 20 проценти од информациите на својот медиум, а од целокупниот текст само 15 проценти. Фотографија, Аудио или Видео е најстрого забрането освен во одбрана на државата

Проблемот е што Ана мисли дека ние другите не разбираме што напишавме пред 20 години. Драгата Ана е рецидив на незнаењето. Еден од пишувачите се вика Јован Најденовски. Мојот учител заедно со Зоки Антена и Дарко Перуш А1. Денес истиов разговара на тема вештачка интелегенција, дерегулација на работните односи. Ана Петрушева ни збори за документи од Централен регистар јавно достапни за секој студент.

СРАМОТА.

Некорумпиран колумнист Виктор Грозданов!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.