Медведев: Америка ни објави економска војна

Можното воведување нови економски санкции кон Русија може да се третира како најава за економска војна на која мора да се одговори со сите економски, политички и други мерки, изјави рускиот премиер, Дмитриј Медведев.

Тој за време на неговата посета на Камчатка рече дека не сака да ги коментира разговорите за идните санкции, пренесе Тас.

Меѓутоа, ако мерките се однесуваат на забрана на банкарските активности или употребата на оваа или онаа валута, тоа јасно ќе се смета за објавување на економска војна. Нашите американски партнери треба да знаат дека тие ќе бидат одговорни за економските, политички и други мерки, рече Медведев.

Говорејќи за постојните и од неодамна изречени санкции, Медведев рече дека и покрај политичките причини зад нив, овие мерки главно беа насочени кон ограничување на економската моќ на Русија.

Како што рече, Русија во последните 100 години преживува под постојан притисок.

Зошто е тоа направено? Со цел да се истера Русија од листата на најмоќните ривали на меѓународната сцена – рече Медведев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.