Медведев елиминиран на стартот на Ролан Гарос!

Русинот Данил Медведев е првиот од фаворитите кој го заврши настапот на стартот на Ролан Гарос.

Петтиот тенисер на светот загуби од унгарскиот претставник Мартон Фукович со 3-1 (6-4, 7-6/3, 2-6, 6-1) во меч кој траеше три часа и 20 минути.

https://twitter.com/atptour/status/1310695111408279552?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1310695111408279552%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.gol.mk%2Ftenis%2Fmedvedev-ne-mozhe-na-zemja-eliminacija-na-startot-na-rolan-garos

Како и во изминатите три сезони, 24-годишникот наиде на проблеми на Грен слем турнирот на земја. И оваа сезона не успеа да запише триумф и беше поразен уште во првото коло.

Унгарецот беше одличен и стигна до првата победа против тенисер од Топ 5 на АТП листата. Овој резултат му носи убави вести на Новак Ѓоковиќ кој нема да мора да стравува од евентуален дуел со Медведев до крајот на турнирот.

Фукович започна одлично и ги освои првите два сета. Потоа следуваше пад во неговата игра и рутински сет за фаворитот. Се чинеше дека четвртиот носител може да се врати во игра, но доби лекција во четвртиот сет кој го загуби со убедливи 6-1.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.