Медведев го освои третиот турнир во три седмици

Русинот Даниил Медведев во саботата го победи сонародникот Андреј Рублев во финалето на турнирот на Здружението на тениски професионалци (АТП) во Дубаи со убедливи 6:2, 6:2 за само еден час и осум минути игра.

Со триумфот во Дубаи, Медведев ја продолжи победничката серија, ова му е трет освоен турнир за три седмици, откако го подигна победничкиот пехар во Ротердам и Доха, а во изминатите три седмици оствари 14 победи. Сега е на 18 освоени титули од 30 финалиња.

Медведев има 27 години, седмопласиран е на светската ранг-листа, во 2022 година 16 седмици беше првиот рекет на светот. Најдобар резултат на Русинот на Грен-слем турнирите е победата на УС Опен во 2021 година. Како дел од руската репрезентација го освои АТП купот и Дејвис купот.

Рублев има 25 години, тој е шестопласиран на АТП ранг-листата, тенисерот има освоено 12 турнири под покровителство на организацијата. На Грен-слем турнирите досега нема минато подалеку од четвртфиналето. Во 2021 година, Рублев и Анастасија Павлученкова станаа олимписки шампиони во мешани двојки. Во истата година, како дел од руската репрезентација, Рублев го освои АТП купот и Дејвис купот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.