Медведев и Азаров ќе разговараат за руско-украинските проекти

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев и неговиот украински колега, Микола Азаров, на денешната средба ќе разговараат за големите руско-украински проекти, пренесе „РИА Новости“.

На преговорите се планира разгледување на клучните прашања од билатералната соработка во трговско-економската, енергетската, кредитно-финансиската, научно-техничката, хуманитарната и културната сфера, како и реализацијата на големите заеднички индустриски и инфраструктурни проекти“, соопшти прес-службата на руската Влада.

Азаров ќе пристигне во еднодневна работна посета на Москва за учество во својство на набљудувач на седницата на Врховниот евроазиски економски совет, што ќе ја одржат лидерите на Русија, Белорусија и Казахстан.