Медведев и се заканува на Европа

Доколку Брисел ги зајакне санкциите спрема Русија, Москва ќе го затвори воздушниот простор за западните авио компании, предупредува рускиот премиер.

Рускиот премиер јасно нагласи дека „нема да седи со скрстени раце“ ако Европската унија одобри планиран пакет на санкции насочени кон водечките произведувачи и дистрибутери на нафта.

„Доколку западните земји воведат понатамошни ограничувања за нашиот финансиски сектор, мора да одговориме асиметрично. Промената на маршрутата на летовите може да доведе до банкрот на многу авио-компании кои и онака се наоѓаат на раб на опстанок,“ изјави Медведев.