Медведев кандидат за претседател на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин го номинираше Дмитри Медведев за премиер на државата.

Медведев, кој беше претседател на Владата од 2012 година, претходно денеска поднесе оставка, како и останатиот дел од владата, во согласност со уставната процедура, со која е предвидено тоа да биде уредено кога новиот шеф на државата стапи на должност, .

Кандидатурата на Медведев за премиер треба да ја одобри државната Дума, долниот дом на рускиот парламент.
Медведев беше избран за претседател на Русија во 2008 година, кога Путин беше премиер. Кога во 2012 година Путин се врати на претседателската канцеларија, Медведев се врати на чело на владата и таму остана до денес.