Медведев објасни зошто неговата влада поднесе оставка

778

Сега вечќе поранешниот руски премиер Дмитриј Медведев ја објасни оставката на неговата влада, која предизвика големо внимание во светската јавност, со настојувањата за политичко обновување на земјата и со временскиот фактор.

„Првото и најважното за што зборував, кога се сретнавме со претстадателот (Владимир Путин), по (објавата) на препораката (до Федералното собрание) на 15-ти јануари годинава, беше дека пораката ги истакнува амбициозните задачи за обновување на политичкиот систем, во извесен степен и го променува балансот на власта во земјата, и се однесува и на владата, и на парламентот, делумно и на претседателот, судскиот систем, дека за да се донесат сиве овие одлуки, претседателот мора да бид апсолутно слободен да дискутира и да ги донесе без оглед на какви било други фактори. Вклучиелно и факторот влада“, изјави Медведев во интервјуто за Првиот канал да државната телевизија.

Според Медведев, втор фактор за целосното повлекување на неговата влада, било времето. Поранешниот премиер потсети дека речиси осум години бил на чело на руската влада. Според него, тоа било „многу доллга сложена работа поврзана со носењето одлуки за исклучително тешки прашања“. „Ова, исто така, треба да се има предвид“, рече Медведев.

„Владата што ја водев, а тоа е веќе втората влада која ја предводев, вкупно овие две влади траеја речиси осум години. Тоа е огромен период. Во поновата историја на Русија тоа беше првпат. Копав, така да се каже, во историјата, и во советскиот и во царскиот период, но искрено толку долго со овие прашања никој не се занимавал, со исклучок можеби на некои исклучителни фигури“, констатира поранешниот руски премиер.

Според него, „во принцип, секогаш треба дасе биде апсолутно смирен во врска со оставка на влада, затоа што тоа не е ништо невообичаено“. „Тоа се случува во целиот свет, се случува и во нашата земја. Но можеби последните години тоа не беше многу чест, но сепак ова е сосема обичен настан“, оцени Медведев.

Додаде дека „кгоа се формира владата, секогаш претседателот и премиерот, без разлика кои личности се тоа, разговараат не само за прашањата за именувањата во кабинетот, туку и за прашањата за потенцијална оставка, и тоа е сосема нормално“.

Досегашниот руски премиер смета дека, исто така, нема ништо неочекувано во неговото назначување на новата должноста како заменик на челникот во Советот за безбедност.

„Такви идеи всушност имаше и порано. И кога претседателот предложи да станам заменик на претседателот на Советот за безбедност (на Руската Федерација), а според уставот претседател е шефот на државата, јас нормално се согласив, бидејќи според мене тоа е важна и неопходна работа“, одговори Медведев.

Покрај тоа, Медведев рече и дека тој останува претседател на владејачката партијата Единствена Русија, бидејќи новата должност му го овозможува тоа.

„Тоа е нашата водечката политичка сила, тое е владејачка партија. Има огромна одговорноста пред народот, за развојот на земјата“, појасни Медведев.

Во средата на 15-ти јануари, претседателот Владимир Путин во обраќање до рускиот парламент предложи низа измени на Уставот, меѓу кои Државната дума да ја одобри кандидатурата за премиер. По говорот на Путин, премиерот Дмитриј Медведев, објави дека неговата влада во полн состав поднесува оставка. Неколку часа подоцна, Путин на должноста на премиер го именуваше Михаил Мишустин малку познат директор на државната даночна управа, а следниот ден неговата кандидатура ја потврди Државната дума. Уште не е познат составот на новата руска влада. Мушустин планира во април да се обрати пред пратенциите кога ќе ја претстави програмата на неговиот кабинет.

Нанадејните промени на Западот се толкуваат како подготовка на теренот од страна на Путин за периодот по 2024 година, кога му истекува сегашниот мандат и нема право повторно да се кандидира за претседател. Путин во среата во говорот за состојбата на нацијата предложи референдум за уствни промени со кои овластувањата на шефот на државата ќе минат на парламентот и премиерот, потег кој се толкува како маневад кој може да му овозможи да остане на власт и по истекот на последниот мандат.

Во годишното обраќање Путин рече дека заговара промени на Уставот за Државната дума, долниот дом на парламентот, да добие овластувања да ги избира кандидатите за руски премиер и другите клучни позиции. Овие изјави предизвикаа нагаѓања за неговите идни планови. Критичарите на Запад го обвинуваат дека планира да остане на власт. Од друга страна, Путин во Русија и натаму ужива огромна популарност меѓу граѓаните кои го сметаат за столб на стабилноста на општеството, а опозицијата поддржана и финансирана од западни фондови го критикува дека предолго е на власт. Една од опциите кои се разгледуваат во западните медиуми е дека Путин може да ги префрли поголемите овластувања на парламентот, а потоа да ја преземе премиерската должност. Друга често споменувана опција е да дојде на чело на Државниот совет, тело за кое Путин рече оти смета дека треба да добие поголеми овластувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.