Медведев: Прашањето за присоединувањето на Крим е затворено

Прашањето за присоединувањето на Крим кон Русија е затворено. Рускиот ппремиер Дмитриј Медведев во интервју за словенечко „Дело“ пред посетата на Љубљана вели дека времето покажало дека таа одлука била правилна, јави ТАСС.

– Прашањето за Крим е навистина затворено и го затворија пред се самите жители, решавајќи за својата судбина на 16 март минатата година, рече рускиот премиер и напомена дека населението на полуостровот гласало со апсолутно мнозинство за враќање кон Русија.

Според него обидите да се стави под сомнение слободното изразување на народот на Крим е лишено од секаква логика.

– Обидите на оние кои некогаш го подготвија отцепувањето на Косово од Србија без каков и да е референдум, да го поставуваат под сомнение слободното изразување на народот на Крим е лишено од секаква логика, тие се просто апсурдни, смета Медведев.

Санкциите на унијата против Русија не ја постигнаа целта

ЕУ ги продолжува санкциите кон Русија
ЕУ ги продолжува санкциите кон Русија

Покрај тоа што напомена дека прашањето за присоединувањето на Крим кон Русија е затворено, рускиот премиер напомена дека санкциите на унијата против Русија, воведени токму поради тоа прашање, не ја постигнаа целта.

Тој додава дека за жал САД и ЕУ го искористиле изборот на жителите на Крим како предлог за серија антируски мерки, вклучувајќи прекин на билатералните контакти во повеќе области, воведување нелегитимни економски санкции против руските компании и банки.

Во интервјуто Медведев изразил надеж дека „Вашингтон ќе се врати на прагматичните позиции“, но додал дека „санкционата инерција“ може да се задржи во САД за долго време.

Во однос на ЕУ тој изјави дека санкциите на унијата против Русија не ја постигнале целта и ги удриле како бумеранг оние кои ги вовеле, причинувајќи загуби на европскиот бизнис за десетици милијарди евра.

ЕУ ги задржа санкциите кон Русија

Покрај економските санкции, ЕУ донесе одлука со која што беа воведени санкции и против руската делегација во Парламентарното Собрание на Советот на Европа.

Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) на 25-ти јуни донесе одлука со која што ги задржа санкциите против руската делегација, донесени во јануари, како одговор на ситуацијата во Украина, притоа ПССЕ одлучи да не оди подалеку и во овој момент, да не и ги поништо овластувањата на делегацијата“, за да ги изрази своите заложби за отворен и конструктивен дијалог”.

Повикани да усвојат резолуција врз основа на извештај од страна на Стефан Шенах (Австрија, од групата на социјалистите), Собранието изрази жалење поради „очигледниот недостиг на напредок“ во барањата направени во јануари од страна на ПССЕ, но посочи дека остануваат убедени за важноста на „отворен дијалог со добра волја помеѓу Собранието и руската делегација“ за да се најде решение за конфликтот во источниот дел на Украина и на нелегалната анексија на Крим.