Медведев предупреди на можна нуклеарна војна меѓу Русија и НАТО

Снабдувањето со оружје на Украина ја зголемува веројатноста за конфликт меѓу Русија и НАТО, кој може да прерасне во нуклеарна војна, предупреди денеска поранешниот руски претседател и долгогодишен сојузник на Владимир Путин, Дмитриј Медведев.

„Обидите на НАТО да ја преплави Украина со оружје, да ја обучи украинската армија со западна опрема, да испрати платеници и да одржува вежби во близина на нашите граници, само ги зголемуваат шансите за директен и отворен конфликт меѓу Русија и НАТО, наместо постојната посредничка војна“, рече Медведев на Телеграм.

Тој предупреди дека ова ќе биде катастрофално сценарио за сите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.