Медведев предвидува распаѓање на ЕУ и распад на САД во брутална граѓанска војна

Создавање на Четврт Рајх во Германија, окупација на западна Украина од страна на Полска, распад на ЕУ, распад на САД во брутална граѓанска војна…Ова се само некои од 10 предвидувања на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев кој сега е втор човек на Советот за безбедност во Русија.

Овојпат апокалиптичните прогнози на Русинот не останаа без коментар на Телеграм. Илон Маск, еден од најбогатите луѓе на планетата ги исмеа неговите „предвидувања“ иако во едно од нив Медведев вели дека Маск ќе биде новиот американски претседател на она што ќе остане од распарчената Америка.

Да видиме што прогнозира Медведев.

  1. Поскапување на нафтата на 150 долари за барел и на гасот на 5.000 долари за 1.000 кубни метри Враќање на Обединетото Кралство во ЕУ.
  2. Распадот на ЕУ по враќањето на Обединетото Кралство и укинувањето на еврото како валута на поранешната Европска унија.
  3. Окупација на западните региони на поранешна Украина од страна на Полска и Унгарија.
  4. Создавање на Четвртиот Рајх врз основа на Германија и сателитите кои му се придружија (Полска, балтичките земји, Чешка, Словачка, Романија, Република Киев и други отпадници).
  5. Војна меѓу Франција и Четвртиот Рајх. Поделбата на Европа, вклучително и новата поделба на Полска.
  6. Одвојување на Северна Ирска од Кралството Велика Британија и Северна Ирска и приклучување кон Република Ирска.
  7. Американска граѓанска војна, одвојување на Калифорнија и Тексас во независни држави. Создавање на сојузната држава Тексас и Мексико. Ќе следи победа на Илон Маск за време на претседателските избори во САД во некои од државите кои ќе им бидат доделени на републиканците по Граѓанската војна
  8. Трансфер на сите поголеми берзи и финансиски активности од САД и Европа во Азија.
  9. Колапс на финансиската структура на Бретон Вудс, ММФ и Светска банка. Отфрлање на еврото и доларот како светски резервни валути. Враќање на златниот стандард. Транзиција кон активно користење на дигитални валути.

Како реагираше Маск на зборовите на Медведев?

Отпрвин, изгледаше како да му ласка предвидувањето па тој ги сподели на Твитер велејќи „Епски е списоков“.

Но, набрзо откако луѓето почнаа да го напаѓаат Маск за ова, тој се дообјасни:

„Ова се дефинитивно најапсурдните предвидувања што некогаш сум ги слушнал, а истовремено покажуваат и зачудувачки недостаток на свест за напредокот на вештачката интелигенција и одржливата енергија“, напиша тој на Твитер.

Маск и Медведев и порано беа ривали на социјалните мрежи. Во октомври Маск го прекори Медведев за војната во Украина, но претходно тој исто така му даде комплимент кога Русинот ја тролаше новата британска премиерка Лиз Трас која го замени Борис Џонсон, за потоа да си даде оставка за кратко време.