Медведев: Русија нема да дозволи бунтот да се претвори во државен удар, нуклеарното оружjе нема да биде под контрола на бандити

Најголемиот арсенал на нуклеарно оружје никогаш не бил под контрола на бандити, светот ќе биде доведен до работ на уништување, руските власти нема да дозволат настаните да се одвиваат според такво сценарио, изјави во саботата заменикот на петседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев пред да шефот на побунетата приватна паравојска „Вагнер“, Евгениј Пригожин да објави дека ги враќа единиците трганати кон Москва да го смена воениот врв.

Медведев истакна во саботата дека државен удар во најголемата никлеарна сила се заканува да го довее светот до работ на уништување.

„Нема да дозволиме настаните да се одвиваат според такво сценарио. Без разлика колку тоа би го сакале налудничавите криминалци и нивните обожаватели“, истакна Медведев, веројатно алудирајќи на благонаклоните известувања на западните служби и медиуми кон бунтот на „Вагнер“, како и отвореното радување на украинските власти кои очекуваа граѓанска војна во Русија.

Медведев, поранешен претседател и премиер на Руската Федерација кој на Западот беше доживуван како посакуван либерален руски челник, од почетокот на руската инвазија во Укараина покажа голема воинственост и повеќепати ги предупредуваше западните челници да не се обидуваат да го нарушат интегритот и суверенитот на Русија посочувајќи дека земјата е нуклеарна сиперсила, што е толкувано како нуклеарна закана.

„Ги разбираме последиците од дражвен удар во најголемата нуклеарна земја. Во историјата на човештвото никогаш немало таквио нешто најголемиот арсенал на нуклеарно оружје да биде контролиран од бандити. Таквата криза, очигледно, нема да биде ограничена во рамјите на една земја. Светот ќе бие доведен до работ на уништување“, изјави Медведев за новинарите на барање за процена на ситуацијата со бунтот на борците на „Вагнер“.

Истовремени руското Министерство за надворешни рабори ги предупреди запдните земји да не се обидуваат да ја искористат ситуацијата во земјата за остварување на нивните „русофобни“ цели. Истовремено руската дипломатија во соопштението наведува дека обидот за вооружен бунт оди само во полза на непријателите на руската држава.

„Авантуристичките аспираци на заговорниците се насочени кон дестабилизиација на ситуацијата во Русија, уништување на единството, потккопувањето на напорите насочени кон осигурувањето меѓународна безбедност“, истакнува руското Министерство за надворешна работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.