Медведев: Русија треба активно да работи за да стане технолошки независна

Досега Русија премногу се потпираше на технологии од непријателски нации, па затоа треба да работи активно за да стане технолошки независна, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

„И покрај постигнатите резултати, нашата зависност од странските технологии генерално останува доста забележлива. Воглавно, овие компании доаѓаат од земји кои не се баш пријателски настроени кон нас, од земји кои ни воведоа технолошка блокада“, рече тој, додавајќи дека пристапот до такви технологии „или е затворен или сериозно комплициран“.

„За нас е многу важно активно да работиме на замена на странската опрема со домашни еквиваленти“, додаде Медведев.

Обраќајќи се пред Президиумот на Претседателскиот совет за наука и образование во вторникот, тој ги повика неговите учесници да разговараат за „дополнителни мерки што може да бидат потребни за да се постигне технолошка независност“, вклучително и оние поврзани со финансирањето, регулативите и одговорноста.

„Во услови на притисок од санкции, треба да продолжиме со работата за замена на странската опрема со висококвалитетни домашни еквиваленти. Главната цел е да се задоволат потребите на науката во најкритичните области во најкраток можен рок“, рече Медведев. додадена.