Медведев: Русија има храна за целиот свет

245

Станавме извозник на храна и можеме со хранбени продукти да го обезбедиме целиот свет. Вака гласеше изјавата на рускиот премиер Дмитриј Медведев, за време на годишниот отчет на Владата предводена од него.

Премиерот, исто така, посочи дека неговата земја веќе го решила и проблемот со увоз на лекови.

„Во моментов, нашите лекови заземаат голем дел од пазарот во земјата и се повеќе се извезуваат во странство. Нашата Влада ќе продолжи со реформите и во социјалната сфера. Веќе следната година, во државниот буџет ќе немаме дефицит”, додаде Медведев.

Во однос на надворешната политика, Медведев нагласи дека постојат тензии помеѓу Русија и останатите земји од меѓународната заедница. „Причината за тоа се санкциите кои САД и другите земји во светот ни ги наметнаа. Овие ограничувања се пречка на нашиот пат. Санкциите штетат и на оние кои ги воведоа”, истакна рускиот премиер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.