Поранешниот руски претседател и премиер а сега втор човек на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека дополнителната зголемена воена помош на земјите од НАТО за Украиа ја прави третата светска војна сѐ поблиска.
Коментирајќи го првиот ден од самитот на НАТО во литванската престолнина Вилнус, кога голем број земји ветија уште поголеми испораки и финансиска поддршка на Украина, Медведев рече дека таа помош нема да ја одврати Русија да ги постигне своите цели во Украина.
„Потполно лудиот Запад не можеше да смисли ништо друго (…) Всушност, ова е ќорсокак. Третата светска војна е сѐ поблиску“, напиша Медведев на платформата за размена на пораки Telegram.
„Што сево ова значи за нас? Сѐ е очигледно. Специјлната воена операија ќе продолжи со истите цели“, додава Медведев.
Дмитриј Медведев, кој беше претседател на Руската Федерација во периодот од 2008 до 2012 година на Западот беше доживуван како либерален модернизатор и посакуван наследник на сегашниот претседател и негови близок соработник Владимир Путин.
Меѓутоа, очигледно Медведев, кој по заминувањето од премиерската должност е задолжен за безбедносни прашања а во моментов за рускиот воено-индустриски комплекс, има јасна претстава за претензиите на Западот кон Русија и во моментов на истиот тој Запад е доживуван како политичар кој го негува имиџот на „жесток антизападен јастреб“ на Кремљ.