Новата мега-пресметка помеѓу Надал и Федерер нема да се случи во Синсинати

Ништо од нивната пресметка во Синсинати - Надал елиминиран од Лопез

Љубителите на тенисот ширум светот со нетрпение ја исчекуваа евентуалната нова пресметка помеѓу тениските гиганти Рожер Федерер и Рафаел Надал, но до неа, барем на турнирот во Синсинати, нема да дојде.

Во шпанскиот дуел кој се одигра синоќа, Фелицијано Лопез го совлада Надал со 2:1 (5:7, 6:4, 7:6), па така во денешното четвртфинале ќе се сретне со Федерер.

Швајцарецот пак, немаше никакви проблеми во дуелот со јужноафриканскиот тенисер Кевин Андерсон, демолирајќи го со 2:0 (6:1, 6:1).

Од останатите фаворити, победи во Синсинати забележаа и Станислас Вавринка, Енди Мареј, Томаш Бердих, Ричард Гаске и Новак Ѓоковиќ.