Меган Маркл: Да се биде член на кралско семејство не е онака како што замислуваат луѓето

Војвотката од Сасекс, поранешната американска актерка Меган Маркл, вели дека да се биде член на кралско семјество „не е онака како што со замислуваат луѓето“, како и дека денес се чувствува слободно бидејќи „може да зборува во своето име“, пренесува во петокот британскиот јавен сервис BBC во инсерти од интервјуто кое во Америка ќе биде емитувано во недела.

Во инсертот од интервјуто која го правела познатата американска телевизиска водителка Опра Винфра, Меган Маркл објасни зошто одлучила да излезе во јавноста токму сега.

„Сите носиме сопствени одлуки, но тога тоа не го можев. За тоа не решавав јас“, вели Меган. Додава дека е „навистина ослободувачки“ што сега може да „зборува во своието име“.

Делови од интервјуто се објавени во моментот кога Бакингемскиот дворец покрена истрага по наводите дека војвотката ги малтретирала своите слуги и персоналот во дворецот. Прв овие обвинувања за принцот Хари и Меган Маркл ги објави весникот The Times и тоа откако е снимено интервјуто.

Меган ваквите обвинувања ги нарече „најнови напади врз неа“.

Разговорот со Винфри, кој во неделата ќе го емитува американската телевизиската мрежа CBS News, а во победелник вечерта британската телевизија ITV, би требало да открие детали за животот на Меган и Хари како членови на крелското семејство пред да се откажат од тој статус и да се преселат во САД.

Принцот Хари неодамна рече дека се одрекол од кралските должности за себе и своето семејство да ги заштити од „токсичната“ ситуација којашто ја произвеле британските медиуми и којашто го „уништуваше моето ментално здравје“.

Правото на прикажување на интервјуто го откупиле телевизии во повеќе од 17 земји во светот. Опра Винфри најави дека ќе биде „шокантно“ и „без воздржување“.

Истовремено, судот во Лондон одлучи во петокот дека британскиот весник The Mail во своето неделно издание оваа недела мора да објави насловна страница на која ќе биде објавено дека Меган Маркл против неговиот издавач го добила суддскиот спор за нарушување на приватноста.

Судијата Марк Варби во февруари пресуди дека таблоидот The Sunday Mail ја нарушил приватноста на војвотката од Сасекс дека ја нарушал нејзината приватност и ги прекршил нејзините права кога је објави делови од нејзиното писмо до татко ѝ Томас Маркл од 2018 година. Во дел од пресудата судијата одреди дека весникот мора на насловната страница да објави наслов а во внатрешните страници соопштение за исходот на постапката.