Меган Маркл доби поголема улога во кралското семејство

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, презема се’ поголема улога во британското кралско семејство, станувајќи заштитничка на четири организации, меѓу кои и Националниот театар.

Покрај тоа, британската кралица Елизабета Втора и’ ја предаде и улогата на заштитничка на Асоцијацијата на универзитети во Комонвелтот.

Маркл ќе стане и препознатливо лице на Смартворкс – што се грижи за жените од ранливи категории и лондонската организација Мејту, која дејствува и на меѓународно ниво.

Таа и нејзиниот сопруг, принцот Хари, своето прво дете го очекуваат напролет.