Меган Маркл добила предлог да синхронизира еден од ликовите во „Симпсонови“

Меган Маркл добила предлог да синхронизира еден од ликовите во серијалот анимирани филмови „Симпсонови“, објави весникот „Мирор“.

Продуцент на серијалот и седумкратен добитник на наградата Еми, Ел Џин е подготвена да стапи во контакт со сопругата на принцот Хари.

„Разговаравме за Меган и Хари. Слушнав дека сака да работи како актерка на синхронизација. Ако го прочитаат ова, нека ме контактираат“, коментирал тој.
Во јануари оваа година Меган Маркл, која имаше успешна актерска кариера пред нејзиниот брак со британскиот принц, имала договор со Дизни. Интересот за синхронизација се јавил откако присуствувала на премиерата на „The Lion King“, што се одржа минатата година во Лондон.