Меган Маркл ја облече втората венчаница

По денешната венчавка одржана во замокот Виндзор, британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл се подготовени за вечерашната прослава во резиденцијата Фрогмор хаус. На прославата ќе има 200 гости, а Меган треба да одржи говор, пишува „Дејли мејл“.

Домаќин на вечерта ќе биде актерот Џејмс Корден, кој денеска присустуваше на венчавката заедно со сопругата.

Меган за забавата одбра елегантен бел свилен фустан, дизајниран од Стела Мекартни, а принцот Хари се одлучи за едноставен црн костум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.