Меган Маркл потпишала договор со Disney

Војвотката од Сасекс и сопруга на британскиот принц Хари, американската актерка Меган Маркл, се согласила да го позајми својот глас за потребите на продукциската куќа „Disney“, која за возврат ќе донира средства за институција за заштита на слоновите, објави во сабота лондонски The Times.

Меган и Хари го шокираа во средата британското кралско семејство, кога неочекувано и без најава објавија дека се откажуваат од кралските должности за да минуваат повеќе време во Северна Америка и да „станат финансиски независни“.

Во написот на The Times не се открива за што Маркл ќе го позајми својот глас, но објави дека продукциската куќа како надомест за тоа ќе донира средства во здрижението „Elephants Without Borders“.

Во прилогот, исто така, не се наведува ниту изворот на информацијата, а од Disney и портпаролката на Маркл сѐ уште не го коментирале написот.

Но портпаролката во петокот потврди за агенцијата Reuters дека Меган Маркл отпатувала од Велика Британија, и се вратила во Канада каде ги минала божикните празнции и оти и сега е таму заедно со својот син.

„Меган се врати во Канада за да биде со своето дете“, рекла портпаролката за агенцијата.

Појаснила дека Меган Маркл и принцот Хари го оставиле својот првороден син осуммесечниот Арчи, во Канада, пред накусо да се вратат во Британија и да го објават своето откажување од статусот високи членови на кралското семејство, како и од извршувањето на придружените на тоа должности и привилегии.

Според британските медиуми, принцот Хари уште извесно време ќе остане во Обедиентото Кралство со цел да разговара за новата ситуација со другите претставници на кралското семејство, кои не беа инофмирани претходно за намерите на војводата и војвотката од Сасекс.