Меѓаши: Со деца во воени униформи нема градење мир

Првата детска амбасада во светот Меѓаши според својата определба и мисија не поддржува вклучување и користење на деца во активности кои имаат воени и политички обележја, напротив, остро ги осудува, се вели во реакцијата од детската амбасада Меѓаши во контекст на како што пишуваа медиумите за  дете – талент кое за пеење песна за командант Јашари и УЧК доби субвенција од Mинистерствтото за култура.

Според детската амбасада во овој случај, без оглед за кого се работи во песната и без оглед на поддршката која децата кои се вклучуваат во ваков вид активности ја имаат од родителите укажуваат дека облекувањето на деца во воени униформи не придонесува кон градење мир и подобар свет за децата.

-Потребно е да градиме култура на мир, демилитаризација во која на поинаков начин ќе ги славиме хуманите и човечки вредности па и оние кои ги сметаме за заслужни граѓани/ки, се вели во реакцијата.

За Виган Максути има повеќе видео записи со детски песнички, но и еден ваков запис, во кој малиот Виган е облечен во маскирна униформа на УЧК и пее песна каде се величи делото на командантот на некогаш паравоена УЧК-Јашари.

Здружението Виган за проектот што го носи истоимениот наслов како песната ,,Гулаб на слободата“, побарало од Министерство за култура 200.000 денари, но комисијата која одлучувала решила да им додели повеќе-300.000 денари, што е исто така невообичаено, бидејќи во принцип речиси секогаш се доделуваат помалку пари од бараното.

Но, која беше реакцијата од министерството по објавување на информацијата.

-Министерството за култура нема да финансира проекти кои поттикнуваат раздор или нетрпеливост меѓу граѓаните на Македонија, се вели во реакцијата на министерството.

Оттаму велат„наша цврста заложба е да обезбедиме силна поддршка за културни проекти кои градат едно општество за сите,  децентрализација на културата и еднаков пристап до неа, за сите граѓани подеднакво“.

-Колку што сме ние запознаени, Виган Максути е изведувач на песна за АдемЈашари, која е снимена пред неколку години. Се работи за командант на ОВК од Косово кој загинаво 1998 година, и таа личност, ниту можелада учествува во конфликтот во Македонија, ниту пак е накаковбилоначинповрзанасоисторијатана Македонија. Не гледаме корелација помеѓу минатиот опус на изведувачот и средствата, односно намената на поддршката на Министерството за култураво оваа година, се вели во реакцијата од Министерството за култура.

Во однос на зголемувањето на средствата за проектот од 200.000 денарина 300.000 денари, од Министрството велат дека се работи за превид, односно техничка грешка кај објавената сума за висината на побараните и одобрените средства.

Инаку Јашари беше дел од УЧК, а една од бригадите на ОНА во земјава беше именувана по него.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.