![133424268 косово](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/12/133424268-3.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Обвинението ги товари за „учество во терористички активности“, односно регрутирање џихадисти за Сирија и собирање финансиски средства за нивно испраќање.
Пренесувајќи ја оваа вест, тиранската телевизија Топ чанел пренесува и дел од напис на весникот „Њујорк тајмс“ од мај 2016 година во кој стои дека Косово се повеќе се соочува со опасноста од исламскиот радикализам.
– На боиштата на страната на џихадистите се наѓаат 324 лица од Косово, вклучувајќи и двајца камикази, 44 жени и 28 деца. Тоа претставува најголем број на учесници на страната на ИД по глава на жител во Европа, се наведува во написот.
Според косовските власти во текот на оваа година регистран е најмал број на лица кои се приклучиле на ИД на боиштата во Сирија и Ирак. Официјално годинава таму заминале само шест лица.