Меѓународната коалиција извршила 13 воздушни удари врз цели на Исламска држава

Меѓународната коалиција предводена од САД вчера извршила 13 водушни удари врз позиции на Исламска држава.

Дванаесет напади биле извршени во Ирак и само еден во Сирија.

Во Ирак нападите биле врз цели на ИД во близина на Синџар, Кисик и Рамади. Во Сирија било пукано врз систем за гранатирање на Исламска држава крај Мареа, пренесува МИА.

Тоа е првиот воздушен удар извршен од коалицијата во Сирија од четвртокот, наведуваат западни медиуми.