Меѓународни експерти: Неефикасно и политизирано МВР тоне во корупција

Состојбата во Министерството за внатрешни работи на професионален план во последната година станува загрижувачка. Институцијата која е повикана да се бори со криминалот и корупцијата, постанува создател на истите. Несомнено кај јавното мнение не постои доверба во оваа институција по низата скандали и непрофесионалниот начин на раководење на истата. Политизацијата е присутна во темелите на министерството и завзема централна улога во креирањето на стратешкото постапуување.

Но ова домашно мнение се пресликува и во меѓународното мнение за финкционирањето на нашето министерство. Имено, како никогаш до сега, МВР нема добиено толку кристално јасни забелешки од страна на ГРЕКО (група на експерти за борба против корупција на Советот на Европа), каде е нотирано високото присуство на корупција и криминал во самото министерството.

Во извештајот е нотирано дека постои корупција во начинот на изборот на кандидати за полицајци и недвосмислено даваат насока да се измени сегашниот начин на избор на кандидати за полицајци, односно јасно посочуваат дека изборот се врши по партиска директива и со корумпиран начин на составување на ранг листа на најдобрите кандидати.

Самиот зачеток на постанување на еден полициски службеник е непрофесионален и очекувано е неговото понатамошно погрешно функционирање како дел од Полицијата. Следната забелешка се однесува на секојдневното функционирање на Одделот за внатрешна контрола, професионално стандарди и крим истраги, од кого се очекува да биде коректив на функционирањето на полицијата, каде е посочено дека итно е потребно да се отстрани влијанието на политиката во истиот Оддел и се бара подигање на нивото на професионализам во редот на припадниците на овој Оддел во МВР, за кои се забележува дека дел не се доволно едуцирани и не одговараат на профилот за работа во овој Оддел.

Меѓу останатите забелешки, кои најчесто се однесуваат за присуството на корупција во редовите на полицијата и непрофесионализмот во постапување по одредени деликти, се истакнува забелешката која се однесува на Министерот, каде е посочено дека како политичко именувано лице поседува голема централизирана моќ за раководење и дека тука е нотиран проблемот по однос на функционалноста и корумпираноста во Министерството. За да постои систем на рамнотежа се бара итна измена на Законите за внатрешни работи и за полиција со што би се децентрализирала моќта на Министерот и би се пресликала европската норматива и зголемила функцоиналноста на МВР и вракање на изгубената доверба од граѓаните.